загрозен (прид.)
Дури и при самата помисла, дека би можел да се послужам со итрина, се чувствував загрозен“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А и на обете страни од границата беше загрозен патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Докторката ми рече дека мора да престанам да пушам цигари, затоа што од нив ми беше загрозена циркулацијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Коњот е повеќе вознемирен и исплашен одошто загрозен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беа атавистички загрозени најголемите вредности на Албанија низ историјата: толеранцијата и верската хармонија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, беше подготвен за секакво жртвување, дури и на животот доколку беше загрозен оној на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Веќе нема никакво оправдување за тоа молчење на многумина, бидејќи овде сега најдрастично е загрозен секој човечки морал - со неморалот што се спроведува „во име на нацијата и народот”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој до грло е во него, неговиот повик е повик напомош на загрозениот, егзалтиран гест на некој кој во очајание се брани.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бојан се надеваше дека барем додека е ден не ќе биде загрозен од нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Без сомнедние и чувство на целосна загрозеност нема вера.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Прогласувајќи го јавно своето дело за загрозено од една организација раководена од „багабонти“, тие кругови всушност биле сериозно загрижени за самостојниот пат по кој тргнала Организацијата, кој неминовно водел и кон самостојност на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но времињата на моќ за купување се изменија, златото тешко се продаваше поради загрозениот животен стандард во земјата, така што и животниот стандард на Еразмо опадна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некој е вишок
тензијата е последица од премногу сакање
ниски страсти, совпаѓања
а предметот на желбата еден и неделив
мистичниот копнеж по неделивоста
нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма
на свеста (coitus interruptus)
во одложувањето на кулминацијата
секој од нас цел го сака
цела ја сака
колку повеќе ја одлагаме драмата
толку повеќе е тука
приклештена габаритно
еуфорично распиштолена
по меките, лимфни, срамни и кршливи
пасажи на твојата, мојата или на неговата
психа, навидум силна налик на лунатик
хистеричен
порив да се биде роден
да се осети на свој грб
животот
сѐ недостатен, сѐ пожелуван
сѐ отповеќе, сѐ отпосле
сѐ притеснет
испустен или пренаселен
сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен
од перипетии, пресврти и стресови
од иселеништва, делби и егзили
сѐ лишен од разврски
создава лажна, мелодраматична слика
- нема друг и никој не е сам -
- целоста е устрем
обичен, а врховен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Настаните што се случија во Солун - пишува Готје - уште повеќе го зголемија немирот на битолското население, и тоа е повеќе од секогаш убедено дека градот, со оглед дека е седиште на главните членови на Револуционерниот комитет, е загрозен, и тоа многу скоро, од катастрофа пострашно од таа во Солун“140.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Татко, мигум ги издвојуваше најважните предмети кои можеа да се решат во полза на загрозените клиенти, а преостанатите ги оставаше за други времиња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Но, пази добро, горилата е сексуално загрозен но не и манијак.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обострано и онострано
чувство на загрозеност.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)