загрози (св.)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Татко му тврдеше категорично на Климент Камилски дека една погрешно ставена книга може да влијае на целиот систем, односно на автентичноста и пробивноста на идејата, може дури да го загрози целиот поредок во библиотеката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја симнаа од таванот плетената кошница во која ме растеа мене и мојата територија беше загрозена.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И маршалот Тито, во последните години од животот, во едно исповедно интервју, поставувајќи си го отворено прашање дали ќе живее во историјата, ќе рече дека е свесен дека малку животи загрозил за да спаси многу повеќе.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во дела, каде што поетското чувство е органски вградено во раскажувачкото, без да го загрози или да биде загрозено од него, спаѓаат и расказите на Михаил Ренџов.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
После едно труење што му го загрозило животот почнува да слика религиозни слики. 1911 го запознава Џемс Енсор чиишто слики на маски вршат врз него, љубител на демони и тролови, трајно влијание.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А денес кога птиците се загрозени, кога и некои од вашите другари ги проретчуваат со воздушните пушки, уште повеќе треба да се загрижиме и да им помагаме да живеат, да се множат, за да ни биде поубаво на сите.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Искусниот Месади, првин беше резервиран, од страв некоја од потврдените партии и лидери да не крене превисоко глава, па да го загрози претседателот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И покрај недвосмислените информации кои пристигнале од Југославија од шефот на мисијата Хадсон за активноста на партизаните, британската влада од страв од ширење на комунизмот под патронат на СССР кој по победата можел да ги загрози британските интереси во Југославија и на Балканот, во движење на Дража Михајловиќ видела, пред сѐ, дисциплиниран извршител на задачите од Лондон.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тоа го знаеше и Славица која ја започна темата токму за тие од кои се чувствуваше загрозена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да, инструкциите се однесуваа на козарите, но не и на овие проклети бели ѓаволи, кои лесно можеа да му ја загрозат кариерата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Паметам само дека помислив оти тоа тресење на прстите може да биде обид да се омеѓи просторот на сигурноста во моментите кога загрозувањето на таа сигурност станува очигледно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Денес сè повеќе е загрозена идејата дека некоја нација постои и поради зачувувањето на различноста на планетава.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)