загуба (ж.)

Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Било која одлука можеше да означи дипломатска добивка или загуба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бугарскиот народ ја загубил скоро цела денешна Србија во корист на Србите и се помирил со мислата за таа загуба и не сметајќи ја за таква.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквото лишување од дневната и сончева светлина претставуваше економска загуба за здравјето и продуктивноста на кокошките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако не се јавеше новото течење во развитокот на националното самосознание меѓу Македонците, коешто ќе ги прирамни загубите на Србија со загубите на Бугарија, тогаш може позитивно да се тврди оти од Востанието бугарските интереси во Македонија само пострадаа, а српските само се зголемија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бавно, но постојано венееше и тоа сознание всели страв во мојата душа, едно претчувство на загуба, која би можела да биде неминовна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, во сегашните политички околности има не помалку основа за загубување на Македонија од страна на Бугарите, отколку основата за нивната загуба на денешна Србија во средните векови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турците ни ја зедоа земјата и си ја разделија меѓу нив. Ние се примиривме со таа загуба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму таа загуба на идентитетот на уметничките стратегии им допушта еден специфичен рез во телото и една специфична структура која сака што повеќе да се оддалечи од традиционалната физикалност на телесните ограничувања, како што се просторот и времето, која сака да се оддалечи од причинската или непричинската логика на прикажување и наместо тоа да обликува некоја нова структура: структура во која ќе биде можно учествување на далечина, која ќе биде од информатички материјал и умножена на безброј нивоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Следствено, Србија при таа борба постигна повеќе од Бугарија, која со шумот што го подигна остана со загуби, а не со добивка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Резултатот е загуба на филмскиот стил и загуба на секаква фантазија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уште долго ќе сакаш да бидеш со нив во кругот ќе сакаш залудно и ќе се прашуваш: што во бесконечноста што во атарот на загубата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби не толку за некои состојби кога смртта ги зема блиските, или оние што ги почитувам, колку размислувања за загубата и исчезнувањето. Секој филм е есеј за тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Животот е преполн со таги, пожртвуваност, загуби, но постојат силни луѓе кои никогаш не се обѕирнуваат на опасноста, можеби се прогонети но и покрај огромната болка достоинството сѐ уште им е неоштетено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како да знаеше за нашата, интимна трагедија, најголемата загуба која може да ја има човек во животот, да го изгуби своето чедо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе