задева несв.

задева (несв.)

Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никого не задевај и никој нема да те задева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Задевањата на децата веќе не го навредуваа и за деда си не се плашеше. XI Токму тие денови комитите и повидните селани од Брезница со часови се советуваа како да го тргнат злото што ги поклопило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Палавите, дрдорливите деца, отпрвин често го задеваа, но попусто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И почна уште повеќе да се крие од децата, од нивните задевања додека еден ден не го најде дедо Геро и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој само знаеше дека сака да си игра, да си игра и да се задева.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чаршијата на свој начин го задеваше и улаво му го изопачуваше јазикот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некое топло ветерче иди оздола, откај морето и само ја задева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата повеќе не го задеваа Мартина, но и не му пристапија да се мират.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ha ден Свети Илија се даде примирје. Да не се задеваме. Такви примирја се правеа и за Нова Година. Ни тие да пукаат, ни ние да пукаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата се разбудиле и се задеваат во постелата, се скокоткаат, се смеат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Не задевај го, го фатил за рака Герасим од Побожјане. - На оној што умее да раскажува и кога измислува му веруваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кој пат ќе ги сретнам, Коста ќе ме задева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога тогаш грешниците, една по една, ќе вежбаат јога и ќе танцуваат модерен балет без никој да ги задева.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе