задене (св.)
Како се задена во вас црната, црна мене да ме остави!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па задена борба на друм царски, на арслани коњи, коњи бинеџии; на коњите два јунака славна, Бој се бие касно до вечери, сл`нце зајде, црна глава падна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само нека ме задене, га ќе си го виде убавото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Види го, види го, Нешко, ној шебек поповиот, шо попче се направил — ја задена мајка ѝ, гледајќи ја така увилена покрај себе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На појасот со заденат широк нож, тие личеа на страшила за јунаци, не на стамени момци чиј сон е да станат непобедиви газии.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)