задоволи (св.)
Уште во времено на февруарското руско официјално соопштение беше јасно оти Европа никојпат нема да ги задоволи во полна степен барањата на комитетот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сега најбитно е да се задоволат моменталните желби на оние што ја читаат приказнава: што се носи белиот светски патник Дедо Мраз за чие приближување до човековиот свет не трубат само немите и неродените.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Другиот ден повторно облекуваа лош кафеавкаст костум и мораа да се задоволат со издавање на забрана за користење на масите за пинг-понг од страна на класно несвесната младина.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Мислам оти неа ја имам составено од сите оние нејасно промолвени зборови на Семјон што ќе ги изречеше од невнимание а понекогаш и намерно за да ја задоволи барем делумно мојата женска љубопитност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Господарот на елените не се задоволи само со тој одговор.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Окупационите власти кого поскоро да го задоволат?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
29. Може да не е уште јасно оти ако се задоволат сакањата на комитетот, Македонија и навистина ќе се направи бугарска?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа страшно ќе ја задоволи, како да ѝ ја даруваш последната роза или ја водиш на бесплатно патување со времеплов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако не се задоволат барањата на романската влада, ќе се постапи неправилно и неправедно; ако пак се задоволи барањето на романската влада, против желбата на парохијаните, ќе се направи насилство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Башибозукот не дошол до израз, а властите се задоволиле со апсења на сѐ што било побудно меѓу егзархиската средина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но уметникот не може да се задоволи со истоштениот или сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ефрејторот ги стегна забите, но кога сфати дека ништо од она што сега би можел да му направи не ќе го задоволи, реши да го запамети.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Исто така Goudy го критизирал тоа што тој го нарекувал „ненаситно барање на новини во издаваштвото”, бранејќи го преиспитувањето на класичните фонтови и измислувањето на уникатни форми, сѐ со цел да се задоволат новите естетски и комерцијални барања.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)