задоволува несв.
задоволувачки прид.

задоволува (несв.)

Волјата на двете сојузни држави: Русија и Австро-Унгарија може да сретне противдејство само од Турција и од нас, но најповеќе од нас, зашто со реформите се бараат, не од нас, а од Турција, задолженија и ако ние со нашите работи покажеме оти тие задолженија што се бараат од Турција не нѐ задоволуваат, тогаш ние само ќе ѝ помогнеме на Турција ништо да не воведе од реформите што се бараат од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И на Србите и на Бугарите за зачувувањето на својата државна самостојност, за задоволувањето на своите животни државни потреби, секогаш им бил неопходен излезот на Егејското Море”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Задоволување на потреби. Хемикалии и екрани шприцаат електронски информации во очните школки и ушните тапани, активирајќи ги мозоците.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам дека ќе дојдам и јас на ред, па дури и пауза да ме фати не трае колку лутина на грчки цариник кој може по сопствен избор, а и расположение на жената му од претходната ноќ, да штрајкува во следните 24 часа, за да ѝ докаже на цуцата дека, незадоволен, не може да задоволува работни обврски ни тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така ја задоволувам волјата. Ѝ задавам најразлични интриги, сочни за аналитичко набљудување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговата должност - началник на морнарицата, не му пречеше да ја задоволува својата склоност кон литературата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Страста на тоа дете за обликување му ја задоволував создавајќи портрети на луѓе или фигури на животни во глина, во дрво, во песок, но најчесто во снег.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чичко Томе тоа го правеше усно и со тоа се задоволуваше - штом ќе се изнавикаше, одеднаш ќе клапнеше и ќе задремеше седејќи, совладан од черешновицата на Верга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тенот веќе задоволуваше, почнав да наликувам на црнка, само уште ми фалеше хип-хоп забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со рекламирањето слабоста на бебето станува евидентна и неможна за игнорирање, а секое неделување во правец на задоволување на потребите на бебето води во етички конфликт и срам за глобалната заедница.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ништо од тоа не ги задоволува барањата на принципот чијашто содржина е живото единство од сили, живите ерупции на смисла и уживање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најчесто во името на среќата на сите, се задоволува личниот егоизам, особено амбицијата низ илузијата да се остане во историјата, да се обезбеди место во вечноста без оглед на жртвите крај боговите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе