задолжително прил.
задолжителен прид.

задолжително (прил.)

Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Само по себе ова е ситно посочување, јас го чинам само затоа што сакам да ги предупредам за четврт час сите други истакнати луѓе, чиј што живот со зачудувачка едноличност се опишува задолжително од моментот на раѓањето. Ете, тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но ваквиот поредок не е задолжително постојан, ниту пак е прашање на принцип.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сличните одредби од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување Уставниот суд ги прогласи за спротивни со Уставот и ги укина во мај 2009 година. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И да не заборавам. Секогаш и тоа задолжително мора да се проверува, случајно или од невнимание, да не остани во лежиштето фишек.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во минатите времиња, војната речиси по дефиниција беше нешто што порано или подоцна ќе биде завршено, обично задолжително со победа или со пораз.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Па, замисли си, во наредбата што ми ја пратија некни, пишуваат: „За да се зајакни борбениот дух кај новододјените борци, кои добороволно стапија во Демократската армија на Грција, во слободно време, офицерот за културно-просветна работа, задолжително да почне да ги учи да пеат револуцинонерни и борбени песни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вечерта ќе ја минеме во задолжително гледање на нова соц- реалистичка театарска претстава.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секогаш кога ќе си дојдеа од работа, јас ќе ги погалев и задолжително ќе им дадев лепче или штогоде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Камилски задолжително му ги носеше на Татко броевите на списанието во кое се објавуваа неговите прилози толкувајќи му ги дополнително, му ги изнесуваше мотивите за секој прилог одделно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А, се сеќавам дека престиж беше да имаш ноже специјално за правење форми од дуњата на Џорџе Балашевиќ, од „строубери“ од „Д Битлс“, од тиква од една за мене грда македонска песна, па да ги свариш во компот и задолжително да поделиш по комшиките зашто која е финтата ако теглите ги наредиш во визба во која само ти влегуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А јас, како да не, ќе мy ги дадам... задолжително ќе му ги дадам и голем поздрав ќе му носам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Подружницата работи под фирмата на трговското друштво што ја организирало, во која задолжително се наведува нејзиното седиште и зборот „подружница“ може кон фирмата на друштвото да додаде и свој назив.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе