задушен (прид.)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Колку и брзо да се патува со метрото, сепак патувањето е бавно зашто електричните возови запираат на многу попатни станици, а во нив е здодевно возењето поради задушниот воздух и едноличноста.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неа имаше постела покрај ѕидот и една ламба на масата, со задушен фитил. Таа...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го анализирам стаклото Што ме изделува од водата И знам дека и тоа ќе биде Задушен плач Од кој ми крвават табаните И црвени мониста се нижат Околу коренот на стеблото.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Викотниците во собата беа куси и задушени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Каталогот од на тој начин расфрланите умножени случаи внатре во книгите со кои останува опкружен задушениот леш прераснува во еден вид на надреалистичка, либрофагиска закана.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ретката трева, задушена од троскот и пиреј, шушка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Еден возбуден глас веќе дрдореше од телекранот, но само што почна, беше речиси задушен од воодушевената врева однадвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Барем да можев некако да се изгубам од тој задушен казан во кој се варат луѓето, нивните страсти, маки и пакости.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој се бори, предизвикува, го кани за жестоко судирање светот задушен во таа спарна сала.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мириса запуштено, одбивно и скиселено од нешто како остаток на задушен ветер и крајни мисли на малецки цицачи додека си ги одгризнуваат стапалата и крварат до смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И пак задушената влага се влива во дробовите и духот е пак потиснат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Задушно е и пријатно, пријатно. Дојди, дојди ти со мене!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Раката сигурно го чувствуваше гласот што липаше задушен од љубов.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)