задушница (ж.)
Задушница е и сите мажи и жени одат в црква.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога ќе мораше со родителите да појде на задушница или на некој закоп - гледаше што побргу да излезе од гробиштата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
При секој празник, попот ги подучуваше луѓето, им велеше да си прават сите црковни редови, да не ги закопуваат луѓето како ајвани, туку задушниците редовно да им ги носат како што го рекол тоа господ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па, да раздава ќерка ми и на твојот гроб за задушница... еее!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
4. Веќе се враќам:
годините во оро
задушница им праќам;
сегде познати лица
нигде, нигде птица
Рајот го чека крај
нема спас, Матеа
и ангелите патеа
а ти а јас...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ете, внук ми е кај вас. Ме остави на Задушница, не оваа, ами ланската.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
XXIII Жена му на Мил секој празник, а често и во делник, одеше на гробот на Илко и му носеше задушница.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Митровденски задушници - а гробиштено празно. Си се гледам - насон си се гледам изморена, папсана, исплашена - да не би вака самсама да се струполам - а нема никој да ме крене... па сум фатила да ѝ се молам на Богородица Мајчица - Помогни ми!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Откопале гроб со мајка ѝ во гробиштата и му ги ставиле во гробот ордените место него и му го правеле сите редови над гробот како да лежи тој во него: му носеле задушници, му ставале цвеќе, му палеле свеќи и го оплакувале.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Попот, молчејќи, замина. Ном и мајка му она што преостана од задушницата го собраа и му го дадоа на клисарот Нестор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не одеа често на задушници во гробиштата, не ги посетуваа умрените како порано (и тие како да им се одмилуваа, како да им тежеа во сето ова неспокојство и нерасположеност); и во црквата не одеа почесто, освен на големите богослужби.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)