заживее (св.)
Со оглед на големиот број невработени во државата од 400 иљади мислам дека Владата би требало да преземе активности кои би се однесувале на заживување и ангажирање на толкавиот број невработени.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пламенот на ревноста ми ја опфати душата и јас заживеав адски дни...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ние помисливме дека тоа недоносче штом ќе порасне, ќе окрепне и ќе ни подаде рака и ние со него да заживееме слободен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А што станало со ластовичиното семејство. Тоа од тогаш заживеело пак среќно, се намножило и се прснало насекаде, низ целиот свет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се посомнева дека тој ќе заживее повторно, уште долго време.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
За душите на тие над кои шеесет години замрачи мрак, запаливме свеќи за да засвети светлина над нив, да болсне светленце и да заживее и остане траен споменот за нив дека не се заборавени...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Робот на уметноста може да направи сѐ за уметноста да заживее на ниво на господар, то ест да зацарува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кирилицата се приви и заживеа, веќе и затоа што старото монголско писмо е мошне сложено за читање и пишување, настанато непосредно од графички пренос на јазли врзани на јаже, кои се користеа како еден вид на мномотехничко средство за пренос на информацијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бившиот учител, несреќен заради затворањето на школото, презема на себе да се изгради цвеќарница што ќе помогне да заживее Сарајаново и, еден ден, можеби да се отвори пак училиштето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во новата стварност, која наликува на фантазмагоричен кошмар, кичот покажа најголема издржливост, најбрзо се трансформираше и одново заживеа во својот неуништив сјај.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Какви шанси имаа сега да заживеат овие утописки оази во Балканот во пламен?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А откога дојде таа у Малови си заживеа со Рожденката како со мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кон крајот на петнаесеттиот ден тој ги растрои нервите до толку колку што е потребно за да заживее во откинатиот простор на визијата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)