зазори (св.)
Тогаш, кога веќе сите папсаа, најстариот на масата не погледна во часовникот на раката туку во прозорецот што зазоруваше, па рече: „Никоја доба. Само за мадиња бесење“.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Одвај дочека да зазори, па да се свалка низ карпите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога добро зазори, се тргнавме над селото и продолживме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Штом ќе си легне до зазорување ниту рофја не го разбудува - поначесто си помислува, ама не му кажува да не би домаќинот поинаку да ја разбере, па да се навреди или да ѝ се налути.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Пусто остана полето, пусто зазори зората - чемрее в поле врбата, чемрее - тажи непознат.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Зората се зазоруваше, петлите пееја...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И тргнувајќи пред Максима и пред Васила легнатите овци ги пречекорува, а тие кои стојат туркајќи ги со колената ги растерува, (нивните чакарки, кога се преместуваат од едно на друго место, кусо и отсечно ѕвонат), а кога излегуваат надвор пред вратата на трлото, гледајќи во небото, вели: Небаре е дење. И зазорено е.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бидејќи беше август, врело лето, стануваше многу рано, уште само што ќе се зазореше и јас од мојата соба горе на катот, го слушав цвичењето на тркалото од количката и грагорењето при истурањето на камењата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега се гледаме во синкастата светлина и во молкот ние одвај забележуваме дека сврти месечината, ѕвездите пребледија, а онаму високо - високо се губи Млечниот пат и тука долу, полека се ретчи мрачнината и зората надоаѓа бледо... Зазорува, драги Џим, И веќе е зора.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кратка почивка. Над Сињачка зазорува. Пурпур над врвот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зазорува. Над Сињачка планина црвенее небото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зората се зазоруваше. Небото на исток гореше како во пламен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Со зазорувањетто, се повлекоа - секој на својата страна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се зазоруваше... На крајот на Пасажот го станавме чуварот за да ни ја отвори капијата. 134 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)