закове св.

закове (св.)

Тој отпрвин стоеше како закован за земјата или плашливо се потргнуваше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Би сакал да станам и некаде да одјурам, да се растрчам низ селово и сѐ ова што ме мачи да го истресам некаде. Но постелата ме држи како закован.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нејзиниот поглед беше закован за тилот на човекот кој за глава се извишуваше над другите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сабајлето плачењето престана. Таткото самиот изделка мало ковчеже, го закова и на рамо го однесе до гробиштата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вечерта двете момчиња се спуштија до стубелот и го покрија со штици. Убаво ги заковаа. Оставија само мал отвор, колку да може со чанче да се црпе вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се свртија кон моќниот стрм врв кон северозапад и ги заковаа погледите за неговото моќно, сиво тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, жено, ќе си останев јас на коравата смолница. И сѐ уште ќе бев таму да не ги собраа козите и да не ја заковаа земјата во колективите. Бевме меѓу чеканот и наковалната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како некој да ме посадил, да ме заковал во земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Телото првин го измија од земјата со водата донесена во котле, потоа го легнаа во приготвениот дрвен сандак искован од груби штици, и сандакот го заковаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го заклопија сандакот, ги извадоа своите грубо непристојни чекани и го заковаа. Без мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Овие почнаа со работа. Прво им наметнаа по една алка околу гушите и ги заковаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се исправи и во мигот кога почна да се крсти, сите опули, занемени и скаменети се заковаа во него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Успеав нагло да свртам и во тој миг камионот удри во џипот, ама странично. Јас останав закован за воланот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога човекот се освести, закова очи во таванот и со никого не сакаше да разговара. Молчеше со денови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе