залаже св.

залаже (св.)

И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И токму ова залажување и самозалажување беше и е основната причина да не се види стварноста онаква каква што е и да не се преземат чекори за нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе се залажеш себеси да мислиш дека гледаш нешто, ти заклучуваш дека и сите други го гледаат истото тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И со трчање се враќаш за да ги залажеш децата, да се залажиш себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да џвака нешто, да се залажува. Ја подзема сламата со јазикот, почнува да ја врти и да ја крцка со забите и мене ми дојдува убаво дека ѝ ја погодив мислата. Магарето само стригнува со ушите и се свртува кон другата страна. Налутено, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така ќе ја залажев болеста, вели, ќе ѝ ги затворев очите да не може никого да види, никому да му се доближи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може да ги бара војниците што ги залажа ракијата од Илија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ај, стани Велико, си велам, нажали се барем за кравата оти таа напролет, ќе ни донесе млекце и ќе има со што да ги залажуваш децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— А таму нема со што да го залажеш касајот, велам, да можеш да го голтнеш...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има некои потсредени делчиња, кои служат за залажување на нашето малограѓанско око, со минимална побарувачка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, луѓе, да не се залажуваме. Може ли некој да го одбере својот талент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мајка ми од малкуто брашно што го имаше месеше некакво тесто, она вообичаеното, но секогаш со умешност, за да го залаже гладот, со различните форми на јуфките, на питите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја стискам дланката, и гледам: Од огнениот глас на искрата остана само студ на пепел Што се мачи да ми шепне нешто, Да ме утеши, да ме залаже...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе