залази (св.)
Глувченцето залазе исплашено по клупата, задушка ѓаволесто со носето по трошките и се обиде да рипне преку работ на клупата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа проникнуваше во крвта и залазуваше како пријатен скокот во носниците, тилот и врвот од прстите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јајцевидното сонце со дамки, и тоа некако извртено , се издолжи уште повеќе и со леснотија на гасеница, залази кон својот дом – замок од жива вулканска лава под покрив на созвездија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)