залепен прид.

залепен (прид.)

Не го гледаше небото залепено за прозорецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирно да си спиеме без страв дека некој клечи под прозорецот или наслушкува со увото залепено за порта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ми заличе на пеперуга залепена со целофан на лист од хербариум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Стоиме ко ластовици залепени на бел ѕид и само црцориме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вашава куќа е на главната улица и залепена до претставништвото.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не миејќи се, се соблече и се искраде од собата во која среќните љубовници спиеја со залепени грбови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Можеби цел час ечеше гората од ударите на секирата, а потоа момчето слезе до потокот и почна да ги зема трупците и еден по еден да ги пренесува во стреата што беше залепена до јужниот ѕид од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како погрешно залепена географска карта од дежурен ученик кој сакал да го сплетка наставникот, стануваше збор за дислоцирана метропола и врвици од кумановските села кои водеа кон неа...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Потајно верував дека на иконата во ќошот на нашата спална не е светецот Никола туку чичко ми премаскиран во светец и со залепена брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бил залепен со стомакот до девојчинскиот стомак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се разбудив со долгата ти коса замотана околу вратот а сѐ уште мирисаше на босилек и на тебе мирисаше, залепена кожа врз мојата под чаршавите од кожурот на утрото-во собата со црвени барокни завеси;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Еден волк ќе излази едно место, па ќе се притаи залепен за земјата. По него друг тргнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувствував дека на грбот маицата ми е залепена од крвта и потта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно време веќе сум сосема смалена, речиси залепена за земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Устата однатре ми беше залепена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со многу суви везени пиперки и узреани црвени домати во земјен грнец, убаво поклопен, убаво околу наоколу залепен со тесто и на оган од суви говедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе