залета св.

залета (св.)

Помислуваше: да се залета право спроти овие очи што го бараат неговото живо тело и да ја разбие таа своја глава во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мојот драг дечко се залета да изигрува менаџер на татко ми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш и Србин ја пушти копачката за која што се држеше и се залета надолу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не успеа да се пробие, па се врати, одново се залета и со силен скок се најде преку него, легнат во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Погледот од кон облаците да го насочи кон земјата, за повторно да не згазне на глог, да не залета да гризне од некое забрането овошје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ќе ја убијам, да знаеш, еден ден ќе ја убијам! – викна излетувајќи од собата и повторно се залета во мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Копук! Мислеше ќе се залетам по неговото партизанско минато. Зарем не се погледнал во огледало.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Залетаа черчевината, иконите, кандилата. Почнаа и плочите од подот да ги вадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Затоа таа се залета по својот пријател градскиот шут кој секогаш возеше точак побрзо од неа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Ехеееја, полека! - му свика овчарот. - Кај си залетал со рачката?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)