залипа (св.)
- Патувај, залипал. - Девојкава е со нас и ние ќе ја чуваме. Среќно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И немо залипал со празнината на усвитената утроба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го стегна нешто Мечета во грлото и само што не залипа на глас.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче или таа е будна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Клекна крај уништениот механизам и астматично залипа: Мортенијо, чедо мое, јас бескрајно ќе те жалам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Висока, безгрешна, со пламени коси. Залипа со акордот на виолината, со звукот што не бил болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Залипа и со обете тупаници се удри по чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
По тој трогателен миг кога јас можев да залипам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Девојката пак залипа, но стариот не мислеше да се смили, ами некаков бес го тераше да премине веднаш кон дејство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не можев да се здржам да не залипам во тој свој прв ден на понижената машкост и ги слизгав прстите на десната рака по нерамниот ѕид барајќи нешто тешко и силно за одмазда но тој веќе одеше назадечки кон вратата и пушташе да му се издолжуваат забите во отворената уста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дај ми ја твојата рака, Никола, залипа. Прегрни ме, сокри ме во себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мими се почувствува и навредена, и засрамена, и виновна, па се мушна во скутот на мама Злата и залипа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ех!... - воздивнува ранетиот, крие лице во дланките и залиптува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Воздивнувал за да не залипа - сѐ што се случувало било премногу за младоста во таа проклета пролет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со тресок го затвори прозорецот и залипа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Столот под неговиот сосед и сам залипа, закрцка, го покри неговото шмркање.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- А јас - настојуваше Крстовица - вака би му кажала во книгата на стопанот: - „Стопану Крсто, здравје, имам, сполај богу и...“ - и таа залипа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И не испивајќи ја чашата се потпре со чело на тврдата маса и брзо, неочекувано залипа како дете.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Добро, тој залипа, го мачеше совеста или судбината.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)