залог (м.)

И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па ја смируваше пред да излезе, оставајќи ја грижата варилцето да го зготви што почеревишно - небаре како залог дека навистина ќе се врати.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Селџуците ја покоруваат Азија, а латините – сиромаси ги чуваат влакната од магарето на пустиникот Петар како залог за светата војна и сонуваното богатство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што „заложуваме“ од самите себе додека пишуваме? 4 Токму го споменував „залогот“ или „заложувањето“ на себе во некоја чудна автобиографија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)