залутан прид.

залутан (прид.)

Невидливиот пат е копнежот залутан во празната исполнетост на темнината.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Папсувам во потрагата по тебе... Оваа ноќ само залутаната месечина на палубава ми е верна друшка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зимата и заборавот се сретнале некаде зад нашите допири и кога се доселиле немо, небаре љубовници се разделиле. ... а толку сакав да ти го цртам аголот на тој лелек на цветот, меѓу луѓе залутан.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наоколу беа видливи остатоците од минато вечерната седенка: отпушоци од цигари, наполнет пепелник, тук- таму понекое парче залутана пепел од многубројните цигари, празно шише од најубавото македонско вино, и нечисти чаши, на кои останале отпечатоците од прстите на гостите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можело понекој од нивните залутани зборови и да ве полази.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Блузата погоди залутан леѓен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Насмевката ѝ личеше на прикачен брош купен од некој залутан селски прематар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сред сета мешаница, се обиде да се заштити од залутани удари и, не знаејќи ни самата како, се најде во една напуштена канцеларија во која здодевниот звук на еден стар телефон не престануваше да ѕвони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе удри ли во неговите гради некој залутан куршум, однекаде, одникаде?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
-Од самиот почеток знаев дека си некое необично суштество, некој чудак, залутан тука по планинава, надвор од сите цивилизации – се уверуваше Еразмо, продолжувајќи да му зборува. –Ми падна чудно исто така, што цело време не побара јадење, ниту пиење!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се најдов залутана во некој, најчуден, најневеројатен, непостоечки простор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Последно застанување беше едно место каде што доцните залутани гости седеа надвор, на обични столови, околу обични маси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Понито со лице на Данте Алигиери, водено од притисокот на Семовите колена, го носеше тој залутан минстрел шеснаесет милји југоисточно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Проклета есен, - шепнеше и стариот Лентеноски, проклето лошо време, - испушташе една кратка, далечна насмевка, тоа како залутан зрак на небото во бура, тоа како виножито во пролет над полињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неколку новинари и странски посматрачи. Еден залутан јапонски турист.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сета негова трезвеност, неповерлива и строга, отстапуваше, и како да не стануваше оној Арсо: фанатичен, горд и залутан. По ѓаволите нека оди сега оној Арсо!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои од залутаните записи никогаш не ги пронашол.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе