замавне св.

замавне (св.)

Сите се туркавме и се пикавме што подобро да го видиме, но двајцата овчари што го водеа замавнуваа со клоци и правеа простор околу него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој се налутил та со секирата што ја имал в раце замавнал и го отепал човекот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таа само замавнува со муцката и не ја врти главата од кај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја крена Кузман сабјата па одлево и кратко ја замавна врз врагот клет на она место кај што гордо гркланот на вратот над телото се подал сет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Замавнува со главата под слабините и коњски муви и болви тепа со муцката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исцеди од своето уморно тело уште трошка сила, замавна со крилцата и се понесе кон светлинката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Замавнува со главата и ја фрла наназад бујната коса, го отвора лицето небаре употребуван порцелан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замавна еден од зулумџиите со сабјата, ја пресекоа главата, во истиот миг. Потече крвта македонска, по дворот...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Замавнало маченцето со опавчето и ја соборило мувата на земјата. Потоа со ножето ја згазнало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој го напипува чевелот под креветот и замавнува. Искршеното стакло звучно се распаѓа во ситни парчиња а човекот со мундир пак е таму и на тенките усни забележува жолчна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Без негова волја и движена со нагонот што се пренесува со човеково семе од колено до колено, неговата десна рака замавнала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со нови сили Ластовицата замавнуваше со крилјата и се креваше високо, до облаците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го влечам а тој се грчи божем со секира ќе замавнам на него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога братучетка ми со едното ноџе само по чорапче скокна надвор и замавна со раката мачката троа се подисплаши и тромаво се симна по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Крева рака и тој да ми врати, речиси замавнува, но само повторно си ја обришува устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад мене некој струже на тенеќе и ми писка в уши. Замавнувам со рака и го замолчувам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стига само да замавнам по главата На смалениот на превара Џин.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Понатаму, на долниот крај од Рамни Ливади, двајца косачи ритмички замавнуваа со косите и стапка по стапка напредуваа преку ливадата. Зад нив остануваа пластови покосена трева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа рече Божин и замавна со остенот на штркот, та беше го удрил по десната нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе