замав (м.)

Со широк замав на рацете нѐ покани да влеземе в куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа знаеше дека тој ја следи, веруваше авторот, но претпочиташе да ја задржи слободата да му даде замав на говорот на своето тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Меѓутоа, ја зграпчил со силен замав за рака и ѝ се внесол в лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со брз, последен замав во животот му го зграпчил левото уво на светиот злосторник и му го скинал - една крв се, нека џбурка таа од две глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
7. кога се враќав од јапонија како да се враќав од иднината каде што се во полн замав курсевите по интерпункција на изненадувањата и каде што гравчето на леб се мачка а не како кај нас што се крка со лажица гравчето наше насушно на леб се мачка јапонското гравче
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Носталгијата земаше замав во неговите дамари.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од секој негов замав, прачката пиштеше низ топлиот, канцелариски задушлив воздух и тапо удираше по моите дланки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Самиот факт дека при вака лоши услови за живеење македонскиот народ сѐ уште постоеше, со нокаутирачки замав на отежнувачка катарза, не оставаше простор за било што да се почувствува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Црниот пазар зема сѐ поголем замав; дрогата од Лондон се шверцува во останатите земји и се препродава по многу повисоки цени , се разбира таму каде што е нелегална.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Орач в замав ќе посее ниви, - бело цутје ќе закити гранки, ќе загукат голабите сиви, - ќе оживат долови и странки.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Кога чумата ќе заминеше понатаму влечена од широкиот, пијан замав на својата коса која сече не одбирајќи, зрело и незрело, портата на замокот повторно стануваше мост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе