замелуши (св.)
Ударот на громот ме замелуши.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се задлабочив малку во сопствените мисли, полека и незабележано се замелушував сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И така: потпивни, поткасни, почна да ме замелушува вотката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Миризбите слободно шетаа и под втората и под третата плоча, се креваа од снагите или алиштата, се провираа низ сите ѕирки и проѕирки, му се пикаа на човека во нос, го замелушуваа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Засилени од бледилото и цврстината на држењето, ненадејните промени на нејзиното тело сосем го замелушуваа.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кого требаше да го исплаши или барем замелуши тој нејзин облак на привидувањата?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, таквите провокации можат и да ме замелушат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Стоп! – возвика Дедо Мраз се уште замелушан, капнат – Сево ова ми заличува на брег!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)