замена (ж.)
Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во замена за тоа Турција ќе ги прошири правата на сите македонски народности пред законот и во административното управување и ќе го покровителствува националниот развиток на сите македонски народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Арно ама, таа мала фасадна вдлабнатина нам ни е замена за сите наши минати балконски и балкански светови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Никогаш не му дадов знак дека е во мене и дури по оној несреќен ден кога ме расипа агрономот во изораната нива и додека бев во болница во Сомбор тој се појави и јавно ми призна дека мене ме гледа како замена за својата спалена невеста независно што ми се има случено.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А за четврт милион ти добиваш замена“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Знаењето не е замена за талентот, но талентот потпомогнат со големо техничко знаење го сочинува книжевниот мајстор.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Синот можеше да го поучи дека љубовта често наоѓа замена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
ЗРО (1993) пропишуваше дека работен однос на определено време може да се склучи, „особено за: (1) сезонски работи – најдолго девет месеци во текот на една календарска година; (2) зголемен обем на работа – најдолго шест месеци во текот на една година; (3) замена на отсутен работник – додека трае отсуството од работа и (4) работа на определен проект – до завршувањето на проектот“ (чл. 23 од ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секогаш имал во своето тело и во своите раце многу за да го остави во замена за она што му било потреба, цел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако јас се предадев кога останав сосема сама зар ќе ја доживеев оваа среќа да имам и ќерка и внука како замена за моите?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со измената и дополнувањето на ЗИПРМ (1994) од 2001 година дојде до замена на категоријата „плата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата“ со категоријата „просечна месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Што националсоцијализмот духовно значи: замена на образованиот тип со типот на војник...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но поради големиот недостиг на љубов, нивниот нагон за убивање се претвора во некој вид страст што би била замена за отсутната или загубена љубов.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но во замена за тоа, покрај со воени давачки (носителот на титулата спахија да учествува во воени походи, плус да опремуваат еден војнички шатор, двајца коњаници и тројца пешооди) ги обврза и половината од приходите на Потковицата, во вредност од 94.000 акчиња годишно, нему да му ја даваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Исто така, во Кина по Втората светска војна и по доаѓањето на Мао Це Тунг на власт, се вршеа обиди со замена на гломазниот систем на кинеското писмо со поедноставно кирилично писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А Атеистичкиот музеј? Замена за една верска илузија која најмногу би го интересирала Фројд. А религијата како опиум на народот? Идеја преземена од Фоербах и другите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)