замижан (прид.)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Влегуваа во некој транс со замижани очи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Испружен на грб ременот на панталоните и јазлите на кондурите одврзани очи замижани раце прекрстени една врз друга на стомакот и едно вито, бело стебленце извишено покрај мене како свешта над глава. Како помрачен вежбам некаква смрт.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога се умори од тоа лудување, се смири на грб замижан од сончевината, од која не го гледаше небото, а потоа, за да не потоне во тоа блаженство, заплива кон длабочината на езерото, сечејќи ги неговите благи бранови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Сакаш да гледам малку замижано, а? - велам јас и ги стискам малку очите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Внатре бев само јас, ни станат, ни прилегнат, ни замижан, ни ококорен, ни болен, ни здрав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Одат со замижани очи, се држат за шинел, за појас, еден зад друг, грбот боли, дремката завладува, спијат во марш...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Вкочанет и со замижани очи, личеше на голема детска играчка од гума.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Братучедите се погледнаа и долго се гледаа. Кога се разбраа, Србин се врати во својата замижана поза, а Шишман ја продолжи работата пред себе.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)