замка (ж.)
Колку има за ова овде, колку преговори да нѐ прелажат, колку примки, мамки и замки, што се вели, ама, ајде...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој навистина се најде во замка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас сега не можам да си простам дека како дете и јас сум поставувал замки, клопки, примки за да фаќам птици.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нов свет со црни замки патеки стеснети, опојувања... Во урнатините на мислите умира чувството на убавото...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се чувствував како фатена во замка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Продолжи зборовите замки, или заемки, сизифовски да ги искачува кон тврдината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бев наивен кога работев и ја одбранив докторската дисертација кога поверував дека дијалектичко- материјалистичкиот, односно марксистичкиот приод што го имав на париската Сорбона, во демократската и толерантна Франција, ќе претставува вистинска замка во мојата земја во времето на расчистувањето на сталинизмот кога страдаше сѐ живо и диво.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од осматрачница гледа Василие Тасиќ, не знае што е работата, саботажа ли, замка, го крева телефонот и наредува да се пука. 163
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така ќе ги избегнел вашите замки.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На крај од стапот е закачена замка од челична жица. Ништо повеќе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сосем се фатил во нивната замка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А и гордоста сама по себе е слепа и сурова, свесна замка за сопствените сетила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој епизоден потрчко на свеченоста одеднаш ме потсети на мене: смешната улога е некој вид бекство од самиот себе, иако е јасно дека секое бегство,порано или подоцна, завршува со замка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе влезе во нова улица, како човекот со кучешката замка в раце што влага од еден ден во друг.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со тоа што во овие вежби е највообичаена и најголема замка, веќе ги имав нарушено правилата на играта.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)