замрази (св.)
А толку ги имам замразено возовите, како по коски да ми врват.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Подоцна ги замрази сите тие места кои му се чинеше да му се ситат потсилувајќи му ја неговата тага.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И уште повеќе ги презреа и ги замразија Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првото што го замрази кај него покрај потењето беше токму ваквиот начин на однесување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И што направи? — Секој те замрази и со прст те покажува.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И уште додаде: Сакаат да им дадеш и, кога им даваш, ќе земат, но потоа ќе те замразат, зашто си им дал.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Арсо е способен да го види тоа, да го замрази и да го презира длабоко во себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Навреден, Луман го замразил цел свет.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мислам дека ме замрази.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ги замразив, и тоа од сѐ повеќе во домот, поради нивната крајна нечувствителност, лицемерност, несовесност.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Та тој не можеше поразот на своите дедовци да го престори во победа, ниту пак можеше да ја замрази мајка си оти нејзините баби некогаш им биле дадени на истите тие дедовци, за овие да ги заборават своите искасапени деца и жени.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас ниту тогаш, ниту подоцна не можев да замразам човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)