замрзнат прид.
замрзне св.

замрзнат (прид.)

И ако по многу, многу години наврнеше голем снег, бргу стануваше валкан, грд. Окопнуваше и долго го држеше градот замрзнат, заробен... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Очите ѝ беа широко отворени, со замрзнат страв во нив и со неизмерна болка истовремено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе се спружам на студените плочи, ќе станам виножито на замрзнат смок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мислам дека и рибите во морето се замрзнати, нема ништо живо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку години си без жена, седиш како замрзнат крај оган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во пролет и во есен доловите и ендеците се поројни, преку зима замрзнати, а налето само тенка водна нишка, која никогаш не стигнува и да пресуши, се протегнува низ нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми чука на замрзнатиот прозорец и ми ги полни ушите, како некое штурче од Грамос.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лабаво е опуштен на мекиот стол, врз неговото вжолтено лице стои замрзната здодевност и рамнодушност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу нив имаше две стотини метра нагорничав простор, по кого снегот светкаше замрзнат како стакло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Замрзната темничина и бели блокови мраз, во кои стоеше скочанет и нем еден единствен заплисок на водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Снегот беше замрзнат и чкрташе како ѓаволот под неговите чекори. Тоа траеше дури не навлезе меѓу дрвјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Може и сета нејзина вода да е замрзната до газер, до извор, о, господи, колку проклето време, да не се најде веќе, да не се врати!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јачеше. Од зад неа кристалната испреплетеност на замрзнатите прозорци доаѓаа неодредени шумови, се судруваа и се разбиваа еден од друг.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Срнчето беше мртво. Главата му беше опуштена, олабавена, а очите широко отворени и замрзнати.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Повеќе