занесе (св.)

Тоа дојде до таква степен што Русите сакаа да кладат крст на своето понатамошно занесување и ослободување на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кој ли ја краде личнотата од лицето на донеодамнешната занеслива кукла?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Лук вечеравме, а тој пусти лук ќе те занесе и не можеш да се разбудиш.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Занесена во средувањето на расфрланите мисли, не забележа како една црна сенка се спојува со нејзината. Ѝ се причини како две канџи се подготвуваа да се заринкаат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Поведението на бугарскиот народ кон руската војска и на бугарската интелигенција кон руските власти и дипломати беше такво што Русите илјада пати се каеја за своето занесување со „братушките”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од една страна, нѐ поддупуваа кон востание, од друга ние сме млад народ и се занесовме со еден незрел потфат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. Му занесе на Горѓија четири пет тави дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Занесувањата на Русија родија една Бугарија, но со нејзиното, родување Русија умре за нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едната маска сама да ми а оставите утре да го занеса семето и да го пренеса ралото кај што ќе речите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човекот навистина се занел на една страна и се фатил со обете раце за стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го занесе мирисот од севозможни парфеми во устоениот воздух.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но ненавикнат да јаде без помошта на рацете, се занесе, па за да не падне ги извади рацете од џебовите и се задржа за стеблото од праската.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Спиеше цела ноќ со длабок понорен сон, сличен на смрт. Се чини, беше омаен и занесен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се занесе, стана играчка од каучук, чие теме е наполнето со олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Занесени во маалото тврдеа дека ги виделе козите со нивниот козар Чанга како летале кон небото, други дека завршиле курбан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе