занимава несв.

занимава (несв.)

Таму петлињата се занимаваа со меѓусебни борби а ги оправаа и светските неправдини, па немаа време да им се перчат на јаричките.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Специјално со прашањето за нашата народност никој не се занимаваше.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со национални прашања не се занимаваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографијата, па и по каква и да е друга наука, освен политичката економија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Занимавањето со андерграунд уметност во транзицијата беше еднакво на самоубиство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
После, националниот сепаратизам ќе има место и кај луѓе што гледаат од практично гледиште на работите, без да се занимаваат многу со теоријата за нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пиљарот е силен и висок човек со развиени мускули од боди-билдинг вежбите со кои веќе долго се занимава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во онаа мера во која сѐ уште се одвива, научното истражување се занимава само со овие прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттогаш интензивно се занимавал со пишување на раскази.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кодексот на тајноста на установите кои се занимаваа со посвојување дополнително ѝ ја усложнуваше нејзината потрага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле, да замислиме дека станува збор за третово раздобје во кое се занимавам со сликарство и кинематографија - на прв поглед со слики.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Трчаа по мене и стрелаа додека јас се занимавав со својата сенка и сфатив дека не ме следи сенката туку гревот. Темниот грев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последователно, теоретичарите од катедралата и манастирот се преселиле во работилница (на универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и почнале да се занимаваат со модели со помош на кои можеле да изработуваат сѐ подобри чевли и со тоа сѐ подобро можеле да го разбираат и да го обработуваат светот како целина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Поголемиот број од нив не се занимавале со конспиративна дејност, меѓутоа, имало и такви што биле сомнителни, но никој во нив не се посомневал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јовановци беа познати и по тоа што се занимаваа со сточарство и производство на млечни производи: во истото слепо уличе, ама од спротива се наоѓаше аурот во кој живееше добитокот на Јовановци: кравите кои понекогаш најмалиот брат на Томето – Лазе ги носеше на пасење, а најчесто момокот Васе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе