запре (св.)

Никако да запре омразата меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стражарите не можат да нѐ запрат, да нѐ заплатат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се запре работата во фабриката, нѐ изведоа во логорското двориште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го запре дишењето, го напрегна видот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Плачевме, иако пред малку сите ни зборуваа да запреме веќе еднаш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Колоната запре крај црковниот двор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите го запреа здивот за да можат да слушнат што ќе биде и кои се овие наседнати на масата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Македонците не се запреа на таа двојна игра со различните изјави пред Бугарите и пред Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како да сме дошле во некое небесно црквиче и тука да сме запреле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме запре со некој страв и радост што ѝ стоеја заедно на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Војската и полицијата не ја запреа смртта да шета по улиците на градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што ќе тргне со десна нога и што ќе запре на десна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Влегов во некое забрзување и да не можам да се запрам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велгоштанецот овде запре, постоја малку, се загледа во далечината и длабоко воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но војникот наеднаш запре со крстењето и му врза една тешка шлаканица на момчето. Со истата рака со која се крстеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе