запука (св.)
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И земјата под него се усвитувала. Се тргнал со напор од кој му запукале коските.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа ги фрли тие „ѓупските" (како ги викаше Илко градските алишта,) уште првата вечер кога се венча со Илка и си запука да си ги носи новите кошули од првата жена на Илка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потерата запука на Толета, но Толе продолжи да излегува од селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)