зарасте (св.)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Арсо ги пипаше со прсти зарастените лузни на дланките, останати од јажето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Погледнал човекот, ама рана немало, била зарастена.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Оној имаше еден остар глас и тој го сеќаваше него како некое болно, но неминовно стружење со грубата острина по некоја негова рана, која што не би можела ни да зарасте, пред да биде истругана така.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мајка ѝ на Благуна, вдовица на Васила Јанческа, почина меѓувреме, а главата на сојот Јанчески, војводата Крсте Јанчески, на кого сѐ му зарастуваа месата и кого и новата српска управа го тормозеше, откако го прочита писмото, го здипли в пазуви и два дена со никого не прозборе од своите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога му зарасте раната на Лоте, Бандо даде ново пиење за вториот живот од Лоте. Пиеја, пееја, плачеа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)