зароси (св.)
Од сеништата бегам кон сеништата стасав претворен во оној долап што беспрекин се врти и чека да заросат води и браздата да вјаса и скелетот на тркалото повторно да сее пее и 'рти.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Мирис на влага прокапа низ скалите и тукушто излегов, навистина зароси.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И сето тоа со такви поединости дека, на пример, Ризван-бег од Ресна имал мала лузна под левата слепоочница, што мене ме здрви, потоа дека Беадин-паша од Солун имал дебела долна буза, дека на вториот ден од Негушкото востание не заврнало, како што се тврди, туку само заросило, што не е исто, и така натаму.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На Грамос, ден преку ден, мора да подзаврне, да зароси.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Надвор пак зароси. Замина камион натоварен со буриња.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од кај Морава, црни облаци и некаде по полноќ - заросува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се менат боите. Одблесокот на сончевината го снема и зароси.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)