заруди (св.)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Слегов во полето по умори и гори по талкање низ облаци по занеси и призраци пусти стапките топли ги барам на тие далечни зори штом идеа зарудени од шамаците густи.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Две гугутки на врв дрво што се ниша на ветровите пред небото да заруди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
— Гледате ка зарудел по вратот, како ерген од дваесет и пет години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зарудел — не зарудел, он веќе не гледа ни во тебе, ни во мене.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)