заслужи св.

заслужи (св.)

Се трудам да го заслужам тој леб.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тешко е да го задржам погледот и да разберам дека колку и да се трудев да бидам среќна да уживам во моментите на задоволство имав чувство на непријатност, неприродност и грижа од вината дека тоа не го заслужувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас мислам оти ние треба да бидеме лојални кон Турција, но претполагајќи оти турското правителство и народ ќе разберат најпосле оти интересите на нивната држава во Европа се совпаѓаат со нашите и зависат најмногу од нив, а не си противречат, и затоа Турците први ќе треба да го докажат искреното сакање да се во мир со нас и со тоа да ја заслужат нашата поддршка на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И нека е само поради таа нејасна радост на која не можеме да ѝ ги видиме очите, Иван Степанович ја заслужува нашата длабока почит и благодарност“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И кога внимаваш да не го повредиш законот на Хирам, градителот на храмот Соломонов, дека може да се добие само она што се заслужило со знаење и со труд.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Перодршката беше архаичен инструмент, ретко употребуван дури и за потписи, а тој ја набави кришум и со големи тешкотии, само затоа што чувствуваше дека убавата бела хартија заслужува да биде испишана со вистинско перце, наместо да биде исчкртана со хемиско пенкало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А наеднаш го узнав она, најстрашното: дека е непријател, дека е злосторник, и дека не ја заслужува слободата за која и не можам да речам дека му ја донесовме ние бидејќи и тој самиот за неа се бореше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чувствував дека таа не заслужува така да биде нарекувана, барем сега не.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знам дека заслужив никогаш да не прозбориш со мене, да не ме погледнеш, иако тоа што го сторив, го сторив најдобронамерно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да се заслужи оваа тишина значеше да се исчитаат битните таткови книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Е, тоа се нарекува казна која следува после користењето на нешто што не го заслужуваме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Животот заслужува и овде да има живи, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со што заслуживме ваков третман? Поради што сме санкционирани?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе