заспие (св.)
Мајка му долго не можеше да заспие.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не заспав до зори. Испитував, се препрашував, што можело да се случи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш можев да се опуштам, полесно заспијам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Бојан долго не заспа. Веќе ја доживуваше во мислите претстојната средба со своите родители, веќе се замислуваше повторно во родителскиот дом, во училиштето, меѓу другарите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Некаде каде што нема да морам да ги набројувам левите притоки на Вардар за да заспијам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Си се насмеа лисицата под мустак лакомо и си заспа мирно и задоволно.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И се заврте на другата страна и како веднаш да заспа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Си мислиш барале нешто во утробата своја и така заспале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ноќта пред да заспијам, слушнав мошолење на дожд на ламарината што беше ставена на дел од покривот што се наднесуваше над балконот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По некое време се покажа и стебленце и виде дека тоа убаво ботее доколку пеејќи му заспиеш крај него.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Речиси веднаш потоа заспаа и спиеја околу половина час.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Леден здив да ми ја разбранува крвта додека ме заспиваат песни љубовни, додека ме галат очи љубени, додека ме будат усни јагоди црвени, сила да ми дадат чисти бели вистини, не се плашам од висини ја отварам душата и летам на крилата на пеперутката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се завртев на левата страна и заспав, слушајќи го бесното удирање на ветрот врз ролетните од прозорците.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Легнав на каучот и уморен заспав од лутата ракија длабоко тонев налудничав настан се одигра во сонот Робинзон Крусо ми даде малиџано Наезда од лебарки кренаа кон нас отспротива курви дојдоа од Зајас им отидов пијан ко најголем џамбас им дадов да каснат од топлиот колбас
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И така со отворени очи беше сум заспала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)