застрашувачки прид.

застрашувачки (прид.)

По малку беше застрашувачки тоа што од потокот звуци што се истураа од неговата уста, беше речиси невозможно да се разбере ниту еден збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застрашувачка е вистината дека еден ден сите ќе заминеме во заборав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој не знаеше како да се однесува на таа застрашувачка опсесија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во косата имаше бели прамени, но вистински застрашувачки детаљ беше нејзината малку подотворена уста во која немаше ништо освен пештерска темница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа по малку застрашувачко, како поигрување на младенчиња на тигар кои набргу ќе израснат во човекојадци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му тропаше во градите со застрашувачка гласност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бројчаникот исто така беше станал помалку застрашувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пред да се сожалам над својата судбина, ја избришав застрашувачката слика од свеста.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Застрашувачки беше самиот изглед, не само фактот што знаеше дека тоа е тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Звукот на крцкање на тркалата е застрашувачки, само тој се слушаше во таа мртва тишина и магла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
1. Терапевтот ги следи телесните знаци меѓу учесниците во терапијата, за да види колку брзо дијалогот се движи кон нови или застрашувачки теми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеби некакви застрашувачки и заканувачки фотографии кои ја пророкуваат мојата судбина или пак ме уценуваат?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Но нашето внимание овде е посебно свртено кон застрашувачката опасност што ни се заканува од нуклеарната енергија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој беше еден од малкуте што имаа храброст да ги изложат застрашувачките остатоци од таа трагедија но истовремено и да ни укаже на тоа дека нашите грешки не се прават само кон човекот туку и кон природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човековата смрт е многу чудна работа. Кога бев дете, често размислував за нејзината вистинска смисла. Ми изгледаше застрашувачка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе