застрела св.

застрела (св.)

И ловецот тогаш ќе ја крене пушката и ќе го застрела крмакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, само што ќе тргнеш да си ја земеше, ќе те застрелаат како при обид за бегство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крмакот ќе ја убие мечката, а ловецот ќе го застрела крмакот, и така со два улова ќе се врати дома, велеше татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, тогаш да имав пиштол ќе го застрелав ко гавран.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш ќе заплаче. Ја навртувам пушката и ја застрелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излезе како што ми рекоа: да го носев, можеби самата ќе се застрелав...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во објаснувањето пред надлежните органи зошто ја застрелал кравата, Сталин рекол оти сакала да го забоде на роговите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А зошто избрал да се застрела в поле кога можел да го стори тоа дома, е, тоа воопшто не би ми влегло в глава ако се потврди дека е така“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само што помислив дека триумфирав дојдоа две малоумни горили ги испратил некој политички шпион ги начека Робинзон ги застрела в тилот Задоволни седнавме исецкавме купуз во чест на грдите погубени горили а потоа спремавме стратегија за напад следни беа политичките гниди
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Следната недела го застрелаа и весникот веднаш беше затворен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Далтон вели дека зиме ќе застрела елен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Робинзон Крусо го подготви ганот и лидерот нивни го зеде на нишан беше беспрекорен го погоди гадот го застрела в глава од земја го збриша Пијаните свињи тргнаа кон нас а јас ги чекав со буздоган в рака едното копиле веднаш го познав го фатив за костум му истегнав јака
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или пак ќе застрела срна, лос, ќе фаќа зајци во стапици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон вели дека ќе застрела крава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, не застрелал обична крава, туку „еврокрава“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Истиот тој Сталин, на свои 63 години застрелал крава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби, тој самиот ќе се застрела крај твоите нозе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одат од еден до друг застрелан затвореник и го докрајчуваат со последен истрел одблизу.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе