затворник (м.)
Во затворите секаде има два режима. Еден воведен од власта, другиот од самите затворници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој не гледаше и не знаеше, но и кога знаеше не сакаше да знае, кој затворник за какво дело лежи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кочо застана на врата. Дека беше внатре темно, човекот, станат веќе да го среќава, му се стори како затворник.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Цели три месеци го држаа во ќелија каде го најде Толе и се договори преку дупчето, кое беше нарочно провртено од стари затворници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И не заборавај да ја заклучиш долу вратата, да не избега затворницава. (излегува).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)