затегне (св.)
Едниот со шрафцигер ги затегнуваше синџирите на горниот дел од лулашката, а другиот ја зацврстуваше новата даска.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А вечерта ако земам да пишувам на кандило, мајка ќе дојде да ми ја затегне светлината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Образот му беше стиснат до студениот кундак на пушката, а прстот беше затегнат на чкрапалото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја повлекувам рачката за затегнување на затворачот, го исфрлам неиспуканиот куршум.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го затегнувам затворачот, ја враќам рачката напред и реденикот тргна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Болката во месото на неговите пет вретена предеше црвени кончиња. Крвавата преѓа се затегнуваше и прскаше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Добро. – промрмори Бугаринот затегнувајќи ја пушката, ја подготви за нишан за Нисе, па почна да брои... –Еден, два..
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кристалните прозорци светкаа, увото се напрегна и ја затегна својата слушна опна уште посилно — сите сетила на градот се раздвижија како некаква невидлива внатрешна луња, броејќи ги вдишувањата и издишувањата, скриениот и нејасен дамар на луѓето, слушајќи, гледајќи и вкусувајќи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Жилите на слепочниците му се затегнаа. Во главата почна да го чувствува пулсирањето на стравот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се принамести разнишувајќи ги колковите, се наведна, се фати за двата долни краја на футата и ја затегна до под колена, па ја замазни.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пролетта - Револуцијата како што ја наречува авторот, ги затекнува пасквелчаните воглавно неподготвени, ги изненадува како некое ново и непознато годишно доба и ги повелува по нови патишта.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Наеднаш, како што одиш, ќе ти се затегне виделото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги тресе чевлите, ги превденува врвките, ги затегнува ушите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Арсо се оптегна, и, потпирајќи се на рапавината од ѕидот, се исправи, си ја затегна разлабавената врска на вратот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Додека над градот се затегнуваа невидливите јамки, јас лежев склопчена на каучот, совладувајќи ја индијската мимика, учејќи го регистарот на индиските чувства како по некој учебник...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И нешто му ги грабна и затегна нервите, му ги заглуви ушите и тој го загуби удирањето на пулсот што пред малку сосема јасно му одекнуваше во увото легнато на рогозината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Покорно, дури со молба (во очите трепери солза) стапнува на столче, ниско само три педи, колку да се затегне јамката и колку да допрат одвај врвовите на прстите до подиумот...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)