затекне св.

затекне (св.)

Човек што нѐ затекнува на јадење, вели мајка, не може да нѐ мрази.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме затекнаа во положба како пеам љубовна балада и тажно седам на скаличките покрај касата за наплата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Татко ми ме затекна така замислена и ме потпраша што мака имам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За која партија ќе гласаа Хунзите Ако случајно се затекнеа во Македонија За време на изборите со оглед на тоа Што во меѓувреме ја примиле исламската вероисповед?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Имено, во 2004 година е предвидено дека ќе дојде до бришење од евиденцијата на невработените лица и во случајот кога одредено невработено лице ќе биде затекнато да работи спротивно на законот, како и во случајот кога невработеното лице одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сакаме на седелка да ги затекнеме балистите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не знаеш како ќе те затекне, кај ќе те изненади.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И кај да појдеш во планината, таму и него ќе го најдеш, ќе го затекнеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото по битката, ја затекнува глутницата што се храни со мршите на поразените, прекриени со ситен снег; глетка од прасоздавањето на светот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја затекнав легната покрај Ирина: ѝ се пикнала под гуша и само ѝ гуга.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лицата кои што доставувачот ќе ги затекне на местото каде што доставата треба да се изврши, должни се на негово барање да се легитимираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го затекна невремето на пазарот: ни за ваму, ни за таму.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го затекнав киното во кое беше забрането јадење семки, сончоглед, суво грозје и леблебија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Правеше сѐ, што беше потребно, за да го затекне самјакот на легало, или пак како продолжува да го разнуркува со својата долга чуручка црноземот по млаките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе