затилок (м.)
Толе му појде на Аќифа, којшто стоеше меѓу жените, и без да проговори ни збор, го фати за затилок од широката флока и го извади од танецот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ах, тебе барам бе ќопек. Тука ли криеш ти од мене? — го грабна за затилокот од кошулата и му го предаде на Рушида без да му проговори ни збор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)