затрепети (св.)
Ќе затрепетеа чувствително искинатите акорди од нивната гитара и ќе се слееја со гласот на малиот певец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А господарот, пак, кога на својот образ, иако малку подбрадосан, ја почувствува нежноста на црвеното обравче залепено до него, подзатрепети, остана вчудоневиден.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Свири ми, ој Петре, како во песната: кога засвирело, гора заѕунела, гора заѕунела, листот затрепетел!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)