зацапа (св.)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се случи баш на Камениот Мост во Скопје да зацапам меѓу два огна.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Коњите зацапани до мев во водата, голцкаа вода и фрчеа силно со носевите исфрлајќи ја врелината од себе.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И дека Јехуда, онака молчлив, трпелив, тивок и сочувствен веќе длабоко зацапа во четвртата деценија од животот и дека, заборавен во дуќанчето и наведнат над старата „сингерица”, полека но сигурно станува жртва на сите нивни згрешени судбини и закоравени заблуди.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Водата во која зацапува до коленици, му доаѓа до половина, но тој се пробива кон белато кајче со најблиските... Цви Корец се буди во својата постела од неспокојниот сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега веќе Едо се најде како тоне како во живо блато во едновијадата во којашто зацапа. Враќање веќе немаше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)