зачеток м.

зачеток (м.)

Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А занаетите не изумираат сѐ дури има некој како Вероника која ги негува уште од својот зачеток.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во 1908 година се случи Младотурската револуција која, во зачетокот, не беше националистичка турска револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Важноста на првиот загриз: зачеток на богатата взаемна гозба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зачетокот секогаш завршува со бесполезно интензивен крај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во прв клас, во склопот на наставата по филозофија, почнав да ги читам Бергсон и Сартр кои беа од големо значење за она што би можеле да го наречеме филозофска „формација“, барем во нејзините зачетоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од друга страна, личи и на мајмун, со лицето, опашката и шепите кои се зачетоци на дланка, бидејќи оди по дрвјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да сонуваш, значи да спознаваш да уживаш, страдаш, патуваш да убиваш, бегаш, леташ да паѓаш во бездна, во кошмар да правиш сѐ што правиш и будна и уште, и многу повеќе автентично, во боја (…) оти сонуваш симболично сонуваш навистина сама - како острово - како безгрешен зачеток
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко ми пресмета дека зачетокот мора да се случи на 1 април и само на тој ден ѝ пријде на мама со предлог да зачнат дете.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Точка-збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток На вселената, на човекот, Точка во човекот, во битието, Точка на секот и пресекот, Точка - зрно на зачетието.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Имено, во таа анегдота е содржано сѐ што ја убива интелектуалноста во самиот нејзин зачеток: страв пред јавната артикулација на сопствените мисли, прифаќање на елитниот статус на умот, регресија во приватното и контингентното. Маргина 35 41
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ТОЧКА Точка - збор кој зрачи Со безброј лачи: Точка - крај, точка бескрај Точка - почеток, зачеток.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Перверзно вжарени боски на едно место возбудлива комбинација на црвено со зелено во најразлични нијанси кои ни име немаат, ама постојат гледај! и одблесоци од сонце вжештен зрак и инстинктивен страв пред вишокот              Господи.  Грешен зачеток: моќта на јазикот Јазикот е створен од фигури - живи и мртви.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Песната е рожба на страствен хетеросексуален, грешен зачеток.  Постојано пре-создавајќи го светот, јазикот е распнат помеѓу Бога и Човекот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)