зачудено прил.
зачуден прид.

зачудено (прил.)

Ја погледнав зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Братучедите зачудено го погледнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа сега го исправи своето главче и зачудено се загледа во него со своите ведри очички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Луѓето погледнаа зачудено и молчеливо кон мене и кон неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Учителката се исправи и, гледајќи зачудено, се упати кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Светлокосиот зачудено го изгледа, одмерувајќи го од глава до петици со таков поглед како да сакаше да каже: откај накај си способен ти за таа работа!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Човекот остана на нозе зачудено отворајќи ја устата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко ми зачудено го погледна шефот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не се движев, молчев. Мислев дека зачудено ќе се вртат кон мене дури и ако воздивнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој зачудено ја накриви главата и ја извади цигарата од уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мајка им ги погледна зачудено.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Го врзувам Чако, а тоа само трепка и ме гледа зачудено. Потоа клекнува и со десната нога се чеша зад увото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мурџо ја крева главата и ја гледа зачудено или така ѝ се чини нејзе поради слабата светлина што капе од сијалицата врз вратата?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секако изгледав исплашено или многу зачудено кога ми пристапи шишкаво дете со набиена капа над очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Верниците го слушаа зачудено. Останаа без зборови. Верскиот поглавар му се поклони на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го гледав зачудено и не знаев што да му одговорам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Големите деца дури сега го погледнуваат, но малку зачудено.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе