збесне св.
збеснет прид.

збесне (св.)

Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во дрезгите го најдовме и песот што збесна ланската есен и што растрчуваше низ полето со бела пена, ко сапуница на муцката. Коските веќе му беа побелени од снегот и од дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со идењето на Ѓупците идеше и некое построение во селото: се случуваше ајван да пукне, копиле да се роди, брат на брата секира да крене, куче да збесни, жена да му го пресече плодникот на мажот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секогаш кога ќе ме замолеше да ѝ го подадам тоа кожено коланче јас грубо го нарекував каиш. Нели, само за да ја збеснам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога ја видоа таа убавина, збесна тој пустината, главниот, ги растргна усните со кисела злобна насмевка, вадејќи ги сите грозни заби нанадвор а очите му светеа како на крволочен ѕвер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веројатно, си претпоставив, збесна зошто си мислеше колку тоа добро јас се забавувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А козите, проклети да бидат, речиси збеснаа таа пролет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дебелиот дури сега збесна. Тој имаше желба да се покара малку повеќе, а еве сешто се сврши одеднаш и без ефект.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сенката за да ни докаже дека не се возбудила од тажниот палјачо, почна да збеснува, да се собира и да се развлечува како гасеница, да се дуе како балон, да се истанчува како вретено.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тамам го помислувам тоа, еве ти го него, целиот задишан се бувнува во вратата, ги соблекува без да ги одврзе патиките, едната ја фрла на една страна, другата на друга, ја остава отворена вратата од шкафчето за чевли... Збеснувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да не збеснеш сосем, вели. — Терааааај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МИХАЈЛО: Зборуваме само со две букви. И се жалиме што ништо не можеме да кажеме од она што ни лежи на срце. Умот ни збеснал.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе