збогум (прил.)
Збогум и не ми беше драго што те видов!
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
И така без збогум, жими тебе, не ја видов повеќе.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дојдов да се уверам дали навистина петловото доброутро ќе биде за тебе збогум.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Збогум бедра мои, и снаго женска, вие веќе ни пород ни љубов нема да почувствувате.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ти свират гранати и куршуми, а ти ги замижуваш очите и си велиш: Ај, збогум, животу!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не сакав да живеам во него уште еднаш и (не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно кога и каде) не ти реков ни збогум.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Чекај, чедо, не брзај, земи збогум со сестра ти, таа нема да дојде со нас, не чини да ја затвораме куќава сама.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
СЛУГАТА: Ќе си најдеш некој скриен на таваните. Ги има и такви! Збогум, Вето!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Збогум, можеби мислат тие што си одат, мојата татковина се вика Неврат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Збогум, дену. Со тебе ќе бидат закопани и моите спомени, желби.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Буките шумолеа и како да му велеа: збогум Јакиме...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Си зеде збогум од „добриот дедо Стале" и, потпирајќи се на стапот, околу мракот си дојде дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се навали на патерицата и, одвај видливо дигајќи ја левата рака, замавна. За збогум.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)