зборовен прид.

зборовен (прид.)

Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како читател често насетуваш (но неретко знаеш и да промашиш) во која насока ќе те одведат зборовните игри...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие се кикотеа, колку од зборовниот каламбур толку и од скокотот по половината, меѓу стегачот на градникот и ластикот на гаќичките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мораше да се снајдеш, макар и со застарен зборовен арсенал, па да срочиш некое оправдание: „Трпезна табакера“.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како семантички и формални критериуми врз кои се дефинираат правописните правила за изделување на сложените зборови и изрази се налагаат следните: поимското значење на сложениот збор, односот (рамноправен или нерамноправен) на компонентите што влегуваат во неговиот состав, самостојноста или несамостојноста на компонентите од кои е образуван, граматичкото (морфолошко и синтаксичко), зборообразувачкото и акцентското оформување на сложениот збор, како и автентичноста на правилата за образување сложени зборови во македонскиот јазик и туѓојазичните влијанија.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
– Текстот продолжува мајсторски: „Проклет да бидам, тој како да не беше во стројот, како да не одеше по тој грутчест, трапчест полски пат. Се колнам, тој како да не беше на земја.“
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
„Колку минути доцневте? – ги праша. – Се надевам не повеќе од пет.“ 288.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)